25.5.07

Тврдоглав

Мајкл Лушер (37) од западна Вирџинија спиел во својот камп куќа, во која, во текот на утринските часови, непознат напаѓач испукал неколку куршуми. Еден од нив го погодил Лушер во глава, но тој ништо не осетил. Мајкл станал свесен за ранувањето дури четири часови по настанот, кога се разбудил и на постелата забележал крв. За среќа, куршумот поминал преку два ѕида пред да го погоди, поради што го немал вообичаеното забрзување.

Полицијата претпоставува дека Лушер не го почувствувал ранувањето, бидејќи бил пијан, при што алкохолот послужил како анестетик, и за среќа, повредата не била опасна по живот.

Нема коментари: