2.6.07

Борба за подекларативна подршка

„ Поддршката која Македонија ја добива од САД е повеќе од очигледна. Ние само треба да продолжиме со нашите реформи за таа да стане уште подекларативна, порача министерот за одбрана Лазар Еленовски денеска од Струмица, додавајќи дека не треба да не загрижува на кое ниво ќе биде американскиот претставник на Охридскиот самит токму поради таа поддршка за која очекува да биде нагласена на Самитот пред се од генералниот секретар Шефер.“

-Засилување на декларативна подршка обично се толкува како „конкретизирана подршка“, а подекларативна би значело засилување на вербалноста а не конкретноста. Очигледен lapsus lexis но кој тоа сега да му го објасни на респектираниот функционер :)

25.5.07

Тврдоглав

Мајкл Лушер (37) од западна Вирџинија спиел во својот камп куќа, во која, во текот на утринските часови, непознат напаѓач испукал неколку куршуми. Еден од нив го погодил Лушер во глава, но тој ништо не осетил. Мајкл станал свесен за ранувањето дури четири часови по настанот, кога се разбудил и на постелата забележал крв. За среќа, куршумот поминал преку два ѕида пред да го погоди, поради што го немал вообичаеното забрзување.

Полицијата претпоставува дека Лушер не го почувствувал ранувањето, бидејќи бил пијан, при што алкохолот послужил како анестетик, и за среќа, повредата не била опасна по живот.

24.5.07

War on Terrorism

Советот на Дебар ја осуди терористичката активност во САД

е - Локална самоуправа, децентрализација

Порно во скопската власт

Екстремен фудбал

Статива од гол уби студент

Препорачуваме носење кациги.

Додека Македонците имаат проблем со името...

Грците имаат голем проблем со потенцијата

Уапсена жена бомбаш - самоубиец

Жена за која се претпоставува дека е терорист самоубиец е уапсена денеска во градот Адана во јужна Турција, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Ефикасно справување со тероризмот! [линк]